Зоран Заев пред да ги предаде материјалите во СЈО внимателно ги отстранил сите компромитирачки за него снимки, пишува во свој ФБ статус поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби политички азил во Будимпешта.
Во подолгиот пост, Груевски во пост скриптум пишува:
Неодамна објавив дека две недели пред апсењето Катица Јанева го задолжила обвинителот Пеливанов да преслушува снимки поврзани со Заев. Ми пренесоа дека имало реакции дека тоа не е точно, по што извршив дополнителна проверка и имам мала исправка. Имено, при пренесувањето на информацијата ми беше кажано дека нејзин близок соработник по потекло од Кавадарци го правел тоа заради што така напишав. Всушност, друг нејзин близок соработник од Кавадарци ја добил таа должност, еден од истражителите, извесен Атанас. И не две недели, туку еден до два месеци пред апсењето.
Но, поентата беше дека попусто го правеле тоа, затоа што Заев претходно, пред да ги предаде материјалите во СЈО внимателно ги отстранил сите компромитирачки за него снимки. Токму затоа и имаше огромно доцнење со предавањето на снимките на СЈО. Формално се предадоа еден месец по истекот на законскиот краен рок, согласно Законот за заштита на приватноста. Овој Закон, Заев одлично го знаеше, бидејќи само една недела пред неговото донесување лично учествуваше во неговата подготовка и прифаќање одејќи во детали член по член.
Тоа е формалното предавање на аудио материјалите. Неформално уште околу половина месец подоцна, кон средината на јануари, една вечер во фабриката за правење керамиди на Заеви ,,Еленица” во Струмица, Заев ги има предадено на Јанева лично на рака.
Потребата внимателно да острани се што е компромитирачки за него беше посилна од факот што порано или подоцна сите незаконски прибавени аудио материјали во форма на копија и не споредена со оргиналот, како и не вештачени, ќе паднат во судска постапка во земјата или во Стразбур. Меѓу другото, и заради прекршување токму на роковите за предавање на аудио материјалите во Законот за заштита на приватноста.
П.С.2. Некаде во период март-април оваа година, Катица Јанева за прв пат е поканета во премиерскиот кабинетот со назнака да не влегува од главниот и официјален влез, туку од директниот влез во премиерскиот кабинет од гаражата на владата, кој се користи при пристигнување и заминување од работното место на секој досегашен премиер. Секогаш претходно Јанева доаѓа од официјалниот влез на владата. По средбата, Јанева вознемирено известила свои блиски лица дека и било предложено да се повлече од функцијата со образложение дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати продолжување на СЈО со неа на чело. Предлогот бил, таа да се повлече за СДСМ да го задржи СЈО како свој инструмент во политиката со друг нивни човек на чело, а подоцна по смената на претседателот на Врховниот суд (очигледно уште тогаш планирана), Јанева да биде промовирана во претседател на истиот.
Јанева, која меѓу другото била свесна дека по сегашните закони не може да биде назначена за претседател на Врховниот суд, остро се спротиставила со зборовите: “Ако одам јас, ќе одиш и ти”, што засега како што сите знаеме не е така. Сепак, Заев знае на што мислела кога го рекла тоа …
На пазарот во Струмица има многу појасен критериум за се.
ЕДНО ЗБОРЕА, ОБРАТНО ПРАВАТ: ГРАДАТ ПЕРЦЕПЦИЈА ЗА…Posted by Nikola Gruevski on Monday, October 7, 2019
Comments are closed for this post.