Повеќе од 450 мигранти од грчките острови Лезбос и Хиос ќе бидат пренесени во прифатен камп за бегалци во близина на Солун. Мигрантите се веќе пристагнати на пристаништето во Атина од каде ќе бидат префрлени во Северниот дел на Грција.
Меѓу нив, 453 мигранти и бегалци се од прифатниот центар Мориа на Лезбос, а 13 од островот Хиос и станува збор за т.н. ранливи категории на луѓе.
Со друга редовна бродска линија, 71 лице од островите Лерос и Кос, ќе пристигнат во Атина и ќе бидат пренесени во прифатните центри во Атика и Коринт, а според информациите на агенцијата АНА-МПА, во текот на денот се очекува со брод на грчката воена морнарица од островот Сими во Пиреас да бидат пренесени 400 бегалци и мигранти.
Comments are closed for this post.