Кралицата Елизабета бара нов коњар, а за оваа работа нуди 25 илјади евра месечно, како и бесплатно сместување во Бекингемската палата.
Сето она што спаѓа во должноста на коњарот не излегува од вообичаените обврски.
Потребно е да се хранат, одржуваат и чистат коњите. Меѓутоа, кралицата планира да го избере оној кој има голема љубов кон овие животни и наведува дека сака да вработи човек кој ќе ужива работејќи ја оваа работа, пренесуваат британските медиуми.
Покрај ова, работникот треба да знае да јава и да управува со кочиите. Во барањето стои и појаснување дека во иднина коњарот ќе присуствува на сите церемонии кои ќе се одржуваат.
На крајот, кралското семејство истакнува дека сакаат посветена личност која е подготвена да даде се од себе како коњите би изгледале или би биле што подобри кога би се појавиле во јавност.
Comments are closed for this post.