Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се уште трае вештачењето во предистражна постапка на кој начин, поранешниот премиер Никола Груевски ја напуштил Македонија по што доби политички азил во Унгарија.
Како што пишува „А1он“, од Обвинителството информираат дека се преземаат дејствија во рамки на предистражна постапка и дека се побарани дополнителни податоци и се очекува пристигнување на извештаите од вештачењата на одземена техничка опрема.
Во рамките досегашната истрага беа сослушани педесетина лица меѓу кои и членовите на неговото обезбедување, службеници во МВР и граничната полиција, а земени се и листинзи од
телефонски броеви на лица за кои Обвинителството има сомнение дека комуницирале со Груевски во критичниот период.
Comments are closed for this post.