Три комитети во Претставничкиот дом на САД објавија десетици пораки меѓу американските дипломати во Украина, во кои се разговара за тоа како да одговорат на барањата на американскиот претседател Доналд Трамп земјата да покрене истрага за семејството на Џо Бајден.
Во пораките, поранешниот претставник во Украина, Курт Волкер и двајца други дипломати разговараат како да ги канализираат барањата на Трамп да го истражи неговиот политички ривал.
Во една од пораките, Волкер и амбасадорот Гордон Сандленд разговарале за нацрт-изјавата во која се наведува дека Владата на Украина ќе покрене истрага за претседателските избори во САД во 2016 година и компанијата во чија управа бил синот на Бајден.
Comments are closed for this post.