По аламот на бизнисмените и бурната реакција на граѓаните, министерката за финансии Нина Ангеловска изјави дека постои волја за одлагање на примената за оданочување на капиталните добивки и каматата на депозити. Министерката изјави дека се прават анализи за тоа и ќе се донесе одлука.
Министерството за финансии ги разгледува иницијативите кои се покренати од Македонската берза и од Комисијата за хартии од вредност кои се во насока на поддршка на пазарот на капитал. Барањето е да се одложи примената на персоналниот данок на доход данок од капитални добивки и од камата од депозити кој треба да стапи на сила од 1 јануари 2020 година. Со оглед дека има иницијативи, се прават анализи и ги разгледуваме можностите да видиме како би реагирале во насока на поддршка на интересите и на бизнис секторот и на пазарот на капитал и на граѓаните со цел одложување на примената на законот. Ги разгледуваме можностите и навреме ќе информираме за точните одлуки, но сега можам да потврдам дека има волја за одложување – рече Ангеловска.
Оданочување на каматите и капитланите добивки кое треба да почне да се реализира од почетокот на идната година предвидува граѓаните да плаќаат данок од 15 отсто за дивидендите, данок за заштедите кои ги чуваат во банка, ако годишните камати надминат 15 илјади денари.
Comments are closed for this post.