Во истекот на временскиот рок, поставен во форма на ултиматум, од страната на Скендер Бузаку, останаа уште околу 20 часа, а во меѓувреме весникот „Лајм“ објави детали од „бомбите“, повикувајќи се на свои извори.
Според изворите на „Лајм“, „бомбите“ се наменети за хотелите во Охрид кои се наоѓат во вакаф (локација) на ИВЗ, а во кои се игра и стриптиз.
Другиот дел на „бомбите“, е во врска со имотот на ИВЗ, кој буквално и свесно е „подарен на државата“, а одговорните на ИВЗ не пуштија жалба на одлуката на судот.
Со само една жалба во вториот степен, ИВЗ можеше да ги врати имотите, оти одлуките на судот од првиот степен биле неосновани. Меѓутоа, се чини дека сето ова е направено во договор се челниците на ИВЗ и државата, велат изворите на весник „Лајм“.
Истите извори најавуват дека се очекуват и документи со несакана содржина, и во врска со организирањето на одењето на аџилак, за дистрибуирање на хуманитарна помош итн.
Превирањата во ИВЗ настанаа откако во април Бузаку се прогласи за нов поглавар, но сепак Ријасетот застана зад Реџепи.
Реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи останува поглавар на Исламската верска заедници, порача Ријасетот кон крајот на април и потенцира дека е единствено тело кое го назначува поглаварот на ИВЗ и дека судската одлука за негова смена и целиот случај се скандалозни, зад кои стои политиката.
Ријасетот на Исламската верска заедница кон крајот на април одржа седница во Кондово, по чие завршување актуелниот поглавар на ИВЗ реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи изјави дека Исламската заедница е силно огорчена од овој скандал.
Ваков скандал не паметам во исламската заедница. Ова е незапамтено и нема да се заборави, рече тогаш изјави реисот Реџепи по завршување на седницата на Ријасетот во Кондово.
Седницата следуваше откако Бузаку повикувајќи се на судското решение најави дека од утре тој е новиот поглавар на ИВЗ.
Ќе раководам со ИВЗ согласно судско решение, рече Бузаку кој крајот на април, дополнувајќи дека побарал финансиската полиција да направи увид во досегашното работење на поглавараот Сулејман Реџепи.
Comments are closed for this post.