Македонскиот ракометен репзентативец Борко Ристовски на својото фејбук напиша дека му е чест и задоволство да биде дел од тимот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Ристовски во својот статус потенцира дека е огромна обврска да се биде дел од ВМРО-ДПМНЕ, ветувајки максимална ангажираност и посветеност во креирање на политики за афирмација на македонскиот спорт.

Чест, задоволство но и огромна обврска е да се биде дел од стратешкиот тим на Претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.Од моја страна,можам единствено да ветам максимална ангажираност и посветеност во креирање на политики за афирмација на македонскиот спорт.Во периодот што следи ќе понудиме низа проекти и програми за подобрување на условите за работа на спортските федерации,клубовите,спортските работници и се разбира спортистите,пренесени од позитивните пракси од европските земји.Нека спортот биде еден од главните столбови на кој ке го градиме нашето општество и да пробаме да ја направиме Македонија поубаво место за живеење.
Да живее Република Македонија🇲🇰🇲🇰🇲🇰, стои во статусот на Ристовски.