Факт е дека на македонската естрада недостигаат нови имиња кои ќе ја освежат и ќе допринесат за создавање на музика со квалитетен звук. Еден таков пример е младиот пејач Даниел Крстески, кого досега македонската публика немала многу прилика да го слушне и види.
Но, Даниел е еден од тие нови изведувачи кои планираат сериозно да се посветат на творење и продуцирање македонска музика во иднина.
По тој повод тој денес ја промовира неговата нова песна која носи наслов „Сто една“, песна за која сме убедени дека ќе и се допадне на публиката. Станува збор за нумера со позитивен ритам и одличен текст, зад кои како автор се потпишува токму Даниел.
За потребите на песната е снимен и видеоспот, каде покрај младиот пејач може да се видат уште неколку атрактивни девојки кои со сигурност ќе го задржат вашето внимание.
Оваа песна е мое прво дело каде се потпишувам како автор и на аранжманот покрај Борјан Кралески. Се надевам дека ќе помине овиј стил кај публиката бидејќи е поразличен од досегашните мои проекти. На спотот работевме во „LinaraProduction“ и дечките завршија одлична работа. Инаку веќе работиме на две нови песни кои треба да бидат објавени до крајот на оваа година – вели Крстески.
Comments are closed for this post.