Сашо Дуковски, адвокатот на Бојан Јовановски – Боки 13 денеска во Апелација истакна дека неговиот клиент е во загрижувачка здравствена состојба, и дека секој ден повраќа поради проблеми со желудникот.

„Еве командирите од затворската полиција може да потврдат дека секој ден е носен на торакална хирургија каде прима терапија. Има две неуспешни операции. Овој човек нема желудник. Секоја храна му се враќа, секој ден повраќа. Неопходна е хоспитализација. Тој не може да биде третиран со општ лекар во затворот во Шутка”, рече адвокатот Сашо Дуковски на денешната јавната седница во Апелација.