Турската полиција идентификувала пет лица осомничени за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Од нив четворица се поврзани директно со саудискиот принц Мохамед бин Салман, објавил “Daily Sabah” повикувајќи се на извештаите на американските медиуми.

Еден од осомничените е полковник Махер Абдулазиз Мутреб, кој има блиски врски со саудискиот принц, како што покажуваат фотографиите на кои се гледа со принцот во Мадрид и Париз, пишува “New York Times”.


Втор осомничен е Абдулазиз Мохамед ал-Хавсави, член на обезбедувањето на принцот Салман.

Меѓу нив е придружникот на принцот Салман

Тар Галеб ал-Барби, третиот осомничен, е високопозициониран кралски чувар, кој поради своите способности бил префрлен во касарна во Џеди, известиле саудиските медиуми. Четвртиот осомничен е Мохамед Саад Алзахрани, кој патувал со пасош на име на друг член на обезбедувањето на кралското семејство.


Последниот осомничен е доктор Салах ал-Тубајаги, шеф за форензички докази во Секретаријатот за општа безбедност во Саудиска Арабија, кој патувал во Истанбул како дел од саудиската експедиција и наводно го сечел Кашоги додека бил жив.

“New York Times” објавил дека турските власти идентификувале најмалку девет од 15 осомничени кои се поврзани со саудиските воени, владини или безбедносни служби.

Во извештајот се наведува дека осомничените се префрлени со авион на приватна саудиска авио-компанија