Британскиот пејач Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд ја шокираа јавноста кога соопштија дека по трет пат станале среќни родители.
Чувавме само една многу посебна тајна. Чест ни е да ја споделиме со Вас веста дека добивме мало девојче. Добредојде на свет Колет Џозефин Вилијамс”, напишала Ајда под преслатката фотографија која ја објави на својот Инстаграм профил.
Колет била родена од сурогат мајка, па бременоста не беше проблем да се сокрие и да се чува како тајна.
Беше тоа долг и тежок пат, бидејќи сето тоа го чувавме само за нас двајца. Семејството доаѓа во сите облици, а оваа мала дама, која биолошки е наша, беше на свет донесена од сурогат мајка на која ќе ѝ бидеме благодарни цел живот”, признала Ајда.
Comments are closed for this post.