Вработените во хотелскиот комплекс „Маестрал ресорт и казино“ што се наоѓа во близина на Свети Стефан во Црна Гора добија бонус од 400 илјади евра. Таквата одлука ја донел бордот на директори на ресортот на предлог на акционерите, а финансиската награда за вработените била исплатена заедно со платите за август.

Како што објасниле акционерите, таквиот потег го направиле за на тој начин да ја искажат својата благодарност кон сите вработени, коишто со својата работа придонеле за доброто работење на хотелот изминатава година.

Иако многу пари се инвестирани во реновирањето на хотелот Маестрал, најголемата предност на претпријатието се нашите вработени. Ние ги препознаваме нивните напори да го постигнат нивото на услуги за нашите гости, како и финансиските цели на компанијата – изјави директорот на хотелот, Христос Цемперас.

Освен оваа финансиска награда за вработените, од хотелското раководство истакнуваат и дека ќе продолжат континуирано да инвестираат во луѓето што работат за Маестрал.