Ракометарите на Вардар со многу мака го совладаа Мотор во Запорожје и се реваншираа за поразот во Сеха лигата. Победата од 30-31 можеше да биде прокоцкана доколку беше признат голот на домаќините со звукот на сирената.
Целиот меч се играше гол за гол и ниту една екипа не успеа да направи предност поголема од два погодоци.
Еден од најдобрите поединци во црвено-црните беше голманот Гедбан, како и Скубе и Дибиров. Кај домаќините најдобар беше Пуковски
Се покажа дека на Вардар не му оди играта на Мотор и ги имаше истите проблеми како на дуелот во Сеха лигата пред три недели.
Следниот меч во ЛШ Вардар го игра на 12 октомври со Кил во Скопје
Comments are closed for this post.