Една петтина од граѓаните ќе и дадат поддршка на опозицијата доколку идната недела се одржат предвремени парламентарни избори, покажува најновата анкета која за потребите на емисијата Детектор на Сител ТВ ја изработи Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа, на идните предвремени парламентарни избори 21,1% од граѓаните ќе гласаат заВМРО-ДПМНЕ, а поддршка за владејачката СДСМ ќе дадат 18,1% од анкетираните граѓани.Во албанскиот политички блок најголема поддршка ужива ДУИ.
Според анкетата на ИПИС, за„интегративците“ ќе гласаат 4,5%. Според рејтингот, следна е партијата на Зијадин Села. ЗаАлијанса за Албанците поддршка дале 2,8% од анкетираните граѓани. Алтернатива на Африм Гашиима поддршка од 0,8% додека за БЕСА на Билал Касами се изјасниле дека ќе гласаат 0,7% од
анкетираните граѓани.
Comments are closed for this post.