Куќа тешка 400 тони превезена е низ реката Тред Ејвон од градот Истон до Квинонстаун во американската сојузна држава Мериленд, пренесуваат американските медиуми.

Куќата е стара 255 години и преминала пат од 80 километри на сплав врзан за шлепер, а селидбата чинела еден милион долари.

Историската куќа „Галовеј хаус“ се наоѓала во Истон од кога е изградена во 1764 година за тогаш брачниот пар Вилијам и Хенриета Марија Николс.

Со години празна и запоставена, соочена со ширењето на предградието, историската куќа „Галовеј“ имаше неизвесна судбина, се наведува на сајтот „ИстонХаусМув“, посветен на оваа необична селидба.

Се додава дека е одлучено дека тој неверојатен дел од американската историја и архитектура биде во целост подигнат и превезен десетици километри до реката на платформа на тркала, а потоа по речен пат 80 километри до Квинстаун, каде ќе биде реновирана во оригинално џорџијанско ремек дело кое некогаш со гордост се нарекувало „Галовеј“.

Американските медиуми пренесуваат дека куќата ја купил извесен Кристијан Нили, кој ја испланиран комплицираната селидба.