Родителите и студентите биле шокирани откако станало јасно дека еден студент од прва година на Универзитетот Кантербери во Нов Зеланд лежел мртов во неговата соба скоро два месеци, без никој да знае, јавува Гардијан.
Младиот човек бил откриени во понеделникот на кампусот во Кристчрч, откако еден колега намирисал лоша миризба и повикал полиција. Неговото име не е откриено.
Според локалните медиуми, таткото, исто така, повикал полиција, откако не успеал да го пронајде заедно со пријателите. Смртта на младиот човек ја испитувал лекар, кој не можел да ја утврди причината. Посветен тим работи на случајот. Неговата прва задача е да го идентификува починатиот преку отпечатоци, ДНК-тестови и стоматолошки фотографии, заради состојбата во која е пронајдено телото.
Comments are closed for this post.