За 6,2 проценти е намален бројот на невработени во второто тримесечје од годинава, а за 2,1 процент е зголемен бројот на вработени, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според статистичките податоци, во второто тримесечје од годинава во Македонија имало 957.471 активно население од кои 755.073 биле вработени, а 202.398 лица невработени.
Стапката на активност во овој период е 56.9, стапката на вработеност 44.9, додека стапката на невработеност 21.1.
Comments are closed for this post.