Претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, во рамките на своите активности на маргините на 74-тото Генерално собрание на ОН во Њујорк остварија средба со високите претставници на Стејт Департментот на САД, помошникот на државниот секретар Филип Рикер и специјалниот претставник за Западен Балкан, Метју Палмер.
На средбата, премиерот Заев истакна дека Македонија е целосно фокусирана во овој период на обезбедувањето на датумот за старт на преговорите со ЕУ во октомври, како и за напредокот во ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО, двете стратешки цели за државата зачие остварување Соединетите Американски Држави дадоа огромен придонес.
Comments are closed for this post.