Од октомври Македонците ќе можат да патуваат во Санкт Петербург со бесплатна електронска виза, соопштија од руската амбасада во Македонија.
На твитер-профилот на амбасадата објавија дека за да се добие визата ќе биде потребно да се аплицира онлајн најмалку четири денови пред патувањето и дека нема да има потреба да се оди во амбасадата. Можноста за аплицирање почнува на први октомври.
Од 1 октомври македонски државјани можат да патуваат за #СанктПетербург со електронска #виза
✅ аплицираш онлајн најмалку 4 дена пред патувањето
✅ се издава бесплатно
✅ нема потреба од посета на @Russian_Emb_MKD
✅ патуваш само со пасош
Подетално ➡️ https://t.co/0mMlpnsoM2 pic.twitter.com/uQ63YqZnDG— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) September 25, 2019
При патувањето, доволно ќе биде само да ја испечатите електронската виза или да го покажете известувањето на мобилниот телефон и ќе може да влезете во Санкт Петербург само со пасош.
Од амбасадата појаснуваат дека, засега, со електронската виза не може да се поминат граничните пунктови на железничкиот транспорт.
Comments are closed for this post.