Насилството е хроничен проблем и тој треба хронично да се решава, треба долготрајна терапија, но и една долготрајна стратегија насочена и кон владините институции и кон нас, но и кон пациентите. Ова беше истакнато на денешниот состанок на Лекарската, стоматолошката, фармацевтската Комора и Комората на здравствени работници со средно, вишо и високо стручно образование со здруженијата на пациенти.
-Пациентот има болест и често се среќаваме со вербално и физичко насилство. Не можеме да му замериме на пациентот, но можеме да му замериме на семејството бидејќи семејството е тоа кое нема доверба во нас и кое настапува агресивно. Единствено можеме да поработиме на превенција на ваквите агресивни семејства. Семејството мора да разбере дека тоа насилство дава голем импакт врз здравствената нега која ќе ја спроведуваат сестрите и другите здравствени работници. Колку што повеќе тие се поагресивни толку го прекинуваат тој процес. Мора да се работи на промоција за враќање на довербата за да сфатат пациентите и семејствата дека ние сме таму за нив, но и дека сепак и ние сме пациенти, рече Виолета Котевска, претседател на Комората на здравствени работници со стручно образование
Comments are closed for this post.