Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов тврди дека „бомбите“ што Зоран Заев ги објавуваше се автентични.Овој негов став доаѓа отако Зоран Верушевски во исказот пред судот тврдеше дека материјалите биле „модифицирани и компромитирани“.
Веродостојноста на бомбите неколкукратно во целост е потврдена досега што всушност е потврда и вештачењето што беше направено во Германија. Сите граѓани, и целокупната јавност имаа можност да ги слушнат обвинувањата, да ги слушнат гласовите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за пиштење, вриштење и тегнење за уши и тоа е факт. Автентичноста ја потврдија и луѓето коишто беа инволвирани во самите матријали, дополнително имајќи ја во предвид приватноста СДСМ не ги објави приватните разговори, но сите разговори беа предадени во СЈО.-објаснува Костадинов.
Comments are closed for this post.