Европскиот суд за човекови права и слободи во Среазбур има методологија да утврди пристрасност во водењето на постапка, изјави адвокатот Влатко Илиевски, сопруг на екс-министрката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска пред Судскиот совет. Јанкуловска бара Судскиот совет да ја разреши судијката Добрила Кацарска поради пристрасност во предметот „Тенк“, за намерна повреда на правичност на судењето и за груба повреда на судискиот кодекс.
Кацарска на денешната седница дојде во присуство на двајца адвокати.
Адвокатот и сопруг на Јанкуловска изјави дека судијската Кацарска со своето однесување прејудицирала вина кон обвинетата уште пред да почне судењето. Според него, судијката и го ограничила „правото на породилно отсуство во деветиот месец на високоризична бременост“.
Кацарска ја осуди Јанкуловска на 6 години затвор за набавка на службен мерцедес во вредност од 600.000 евра. Апелацискиот суд ѝ ја намали казната на 4 години, а Врховниот, пак, забрани таа да оди в затвор додека не одлучи највисокиот суд по нејзините жалби за пресудата и за начинот на водењето на судскиот процес.
Comments are closed for this post.