Одлуката на британскиот премиер, Борис Џонсон, да го суспендира парламентот на 5 недели е незаконска, едногласно утврди 11-члениот Врховен суд на Велика Британија, јавува Ројтерс.
Првично судиите посочија дека одлуката е во нивна надлежност со што ја елиминираа претходната одлука на Англискиот врховен суд, кој се произнесе дека запирањето на работата на парламентот не е надлежност на судот.
Сите 11 судии на Врховниот суд едногласно ја потпишале одлуката дека Борис Џонсон немал законско право да ја сопре работата на Долниот дом за 5 недели. Незаконски бил и советот на Џонсон кон кралицата Елизабета II да го потпише законот за суспендирање на парламентот.
Врховните судии минатата недела три дена ги слушаа аргументите на двете страни. Владата објави дека ќе ја почитува одлуката на судот.
Comments are closed for this post.