Продажбата на автомобили во Европа падна во септември за 23,4 отсто. Производителите се соочуваат со проблеми заради воведување нови, построги тестови за мерење на емисијата на штетни гасови.
Регистрацијата на нови возила падна на 1,12 милиони автомобили минатиот месец во Европската унија и Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) во однос на 1,47 милиони возила во септември 2017 година, соопшти Европската асоцијација на производители на автомобили.
Продажбата на групацијата Фолксваген бележи опаѓање од 47,8 отсто, Фијат Крајслер за 31,4 отсто, а Рено за 26,9 отсто, а јапонскиот Нисан забележал пад на продажбата на автомобили за 43,8 отсто.
Новиот автомобилски еко стандард стана обврзувачки од 1. септември, што ги натера некои од компаниите да ја стопираат испораката на некои од моделите кои треба да добијат сертификат.
Comments are closed for this post.