Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев на прес конференција заедно со останатите пратеници уште еднаш ги повика ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат уставните измени и со тоа да ја обезбедат иднината на Македонија во ЕУ и во НАТО. Според него, пратениците од опозицијата ја разбираат потребата и важноста и се надева дека кај нив ќе надвладее разумот.

Тунтев објасни дека утре за расправа се пријавени петнаесеттина пратеници и по завршувањето на расправата најверојатно ќе се прејде на гласање.

Доколку нема поддршка во Собранието најверојатно ќе бидат распишани предвремени избори кои ќе ги организира пржинска влада но со скратени рокови како што предвидува Уставот.