Собранието ја има и историската можност и историската одговорност да ја отвори вратата на Македонија за членство во НАТО. Сум била пратеник и знам дека во мандат имате една или ниедна таква можност да влезете во историјата и да кажете мојата држава ја обезбедив со членство во најмоќниот сојуз. И јас сум убедена од сите разговори што сум ги имала со пратеници дека и самите се свесни за големата одговорност но на крајот зависи од секој пратеник., вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска во интервју за МИА.
Споре неа, доколку се обезбеди двотретинското мнозинство Македонија ќе покаже и на Европа и на светот и на регионот дека знае што сака и знае како таа цел да се исполни. Доколку надвладеат партиските и личните интереси на неколкумина тоа ќе биде голем минус за Собранието и за нас ќе значи неопходно итно закажување на предвремени избори.
Бидејќи граѓаните очекуваат решенија, не очекуваат нови кризи, нови блокирани процеси. Сметаме дека тоа ќе биде решение коешто ќе и даде шанса на Македонија да стане членка на НАТО и да обезбеди почеток на преговори со ЕУ.
Како можат избори да бидат решение кога отвораат проблеми? Не се знае кога ќе се одржат, дали ќе има блокади, дали ќе се пробијат сите рокови, нема ли да отворите Пандорина кутија ако одите на избори?
Секој план или предлог има ризици. Меѓутоа кажете ми ја која е алтернативата? Ние не влеговме во избори без да ги ставиме работите на вага. Ние и денеска велиме, за Македонија е подобро процесот да заврши со успешна собраниска процедура. Ама ако таа процедура е невозможна во овој парламент тогаш редно е мандатот да го вратиме кај граѓаните. Друга опција не постои, му даваме шанса на овој парламент да гласа. Ако повторно целта биде да се уценувам да се блокира, да се успори овој процес тоа е најлошата опција бидејќи роковите ни се познати на сите. Ако дадеме шанса да трае до недоглед, ништо нема да се случи. Затоа велиме ако Собранието одлучи да им даде шанса на стратешките интереси на државата, одлично. Ако не, избори се единствена опција, друга не постои.
Ќе се пробијат ли роковите ако има избори? Да или не?
Зависи како ги дефинирате, ние контактираме постојано и со нашите партнери и со Грција и сметаме дека и во случај на избори можно е да се стигне навреме за да грчкиот Парламент може да го ратификува и договорот со Македонија и нашиот договор за пристапување кон НАТО. Многу сме посветени не само на целта, посветени сме Македонија да ја реализира целта во предвидените рокови. Затоа што овој процес може да биде успешен само ако е целосно завршен. Ако е половина завршен, никому нема да донесе добри вести, затоа велиме сега е моментот Собранието да ја искористи својата историска шанса, во спротивно граѓаните ќе ја реализираат таа историска шанса.
Comments are closed for this post.