Фактот дека Северна Македонија е на чекор до полноправно членство во НАТО и до почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, дополнително ќе ја потврди државата како стабилно и сигурно место за водење бизнис и предвидлива дестинација за вложување, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со претставниците од Американската стопанска комора во Македонија во неговиот Кабинет.
Пендаровски ги информира бизнисмените дека по иницијатива на неговиот Кабинет, тим од практичари работи на создавање стратегиски документ, кој ќе има за цел да ги постави приоритетите за развој на економијата во следната деценија, за периодот 2020 – 2030 година. Воедно побара од претставниците на Комората да се вклучат со свои сугестии при изработката на документот, истакнувајќи дека политичарите треба да ги слушаат и следат потребите на економистите и стопанствениците.
Претседателот истакна и дека во фокусот на неговата работа е подобрувањето на економската состојба во државата, како и дека ќе настојува потребите на стопанствениците да бидат соодветно артикулирани пред државните институции и при неговите посети во странство.
На средбата, тој укажа и дека политичарите треба да придонесат за создавање поволна бизнис-клима.
Пендаровски ги повика претставниците на Американската стопанска комора во Македонија да се вклучат со свои предлози и сугестии при носењето законски решенија од економката сфера во функција на подобрување на условите за водење бизнис во државата.
Comments are closed for this post.