Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2019, попладнево во центарот на Скопје ќе се одржи Велофиеста на улицата „Димитрија Чуповски“, кај „Рекорд“, која од 18:00 часот ќе биде затворена за сообраќај.
Како што информира Град Скопје, на коловозот на улицата „Димитрија Чуповски“ од 19 часот ќе се организира дружење и забава на отворено, со освежување и содржини за деца.
Активностите на Европската недела на мобилност 2019, кои се посветени на алтернативните форми на транспорт, се организираат под мотото „Пешачи со нас“. Партнер на Градот Скопје во реализацијата на овој проект е здружението на граѓани „Македонски зелен центар“, а во организирањето на многубројните активности ќе учествуваат и Делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, неколку скопски општини, средните училишта и центрите на култура на Град Скопје, ГИЗ, Црвен крст, МВР, ЈСП, Републички совет за безбедност во сообраќајот, Македонска велосипедска федерација, Цементарница Титан, како и повеќе здруженија на граѓани, меѓу кои Прв до врв, Еко свест, Еко логик, Go green, Смарт Ап, Електромобилност и други.
Comments are closed for this post.