Мерката „МojДДВ” со која граѓаните остваруваат право на поврат на дел од платениот ДДВ и со тоа влијаат кон адресирање на сивата економија е еден од неколкуте проекти на мојата агенда. Во следниот период ќе се работи на унапредување на решението (самата мерка и мобилната апликација)“, соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска.
Ќе бидат имплементирани подобрувања и се планираат нови функционалности, затоа ве поканувам да учествувате со коментари, сугестии и критики како од аспект на корисници на мерката, така и од професионален аспект. Сите предлози се добредојдени. Детални идеи, предлози и сугестии може да испратите и на mojddv@finance.gov.mk“, додава таа.
Мерката е популарна помеѓу граѓаните, наплатата на ДДВ се зголемува а граѓаните го остваруваат правото на поврат на 15% од нивното ДДВ на скенираните сметки што е дел од Владината програма “Пари назад кај граѓаните”. Исплатата за првиот квартал од лансирањето (јули-септември) ќе се реализира во месец декември.
Мобилната апликација до сега има 196К инсталации (85% Android, 25% iOS). Во јули 137К граѓани скенирале 7.2М сметки со вкупна вредност на ДДВ од 59 милиони денари. – Во август беа скенирани 7.8М сметки со вкупна вредност на ДДВ во износ од 66 милиони денари од страна на 142К корисници.
Comments are closed for this post.