Целата истрага за случајот Рекет е фарса која што трае со месеци. Случајот е пријавен уште во април, а Русковска обвинителството молчеше и не постапуваше цели три месеци. Дури откако скандалот беше обелоденет во медиумите, а целата јавност виде како со помош на продолжената рака на Заев, Катица Јанева се рекетирале бизнисмени, Русковска обвинителството се одважи да постапи“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој додавава дека тогаш тргнал вториот дел од операцијата како што рече под работно име „да ги извлечеме двата пипци на октоподот за да ја спасиме главата“.
Тогаш беа приведени Боки 13 и Зоран Милески и започна медиумската кампања за спас на Зоран Заев преку обид јавноста да биде убедена дека овие двајцата без помош на власта, само сами изнудувале милиони евра. Тогаш Заев уште се трудеше да ја брани и заштити својата црвена линија преку која вршеше политички притисоци, а тоа е Катица Јанева. Уште во тоа време Заев се уште тврдеше дека немало докази против Катица Јанева, а Рускоска обвинителството и остави уште еден месец во кој што имаше време да ги избрише трагите коишто водат кон неа и кон Зоран Заев“, рече Стоилковски.
Според него барањето за продолжување на притворот упатено денеска од страна на Вилма Русковска е уште едно продолжување на фарсата, доколку со истрагата не бидат опфатени и други функционери и доколку истрагата не биде насочена и кон главата на октоподот.
Судот во овие неколку дена треба да одлучи дали ќе постапи по најавите на Заев, Катица Јанева да биде пуштена од притворот во Истражниот затвор. Да потсетам, токму како што најавил Заев на проширената лидерска средба, дека тој имал сознанија дека наместо во затворски, Катица Јанева ќе биде преместена во домашен притвор. Во петок, за два дена од денеска, истекуваат 30 дена определениот притвор за Катица Јанева.Имајќи ги предвид досегашните предвидувања на Зоран Заев, кој патем и досега споменувал дека има увид во истраги, па и сега за Рекет каде во аудио-снимка се споменува и неговото име и имиња на негови најблиски соработници не е тешко да се види сиот овој театар. Обвинителството на Русковска формално да побара продолжување на притворот, а Катица и Фрчковска, нејзината одбрана да побараат ослободување.Чиста фарса!“, вели Стоилковски.
Рекет додава тој ја разоткрива власта во целост, и го открива сиот владино-обвинителско-судски октопод за уценување, рекет и политички прогон.
Comments are closed for this post.