Европски Парламент ја одобри номинацијата на Кристин Лагард за претседателка на Европската централна Банка (ЕЦБ).
На пленарното тајно гласање, 394 европратениците гласаа „за“, 206 „против“ и 49 „воздржани“ за Французинката Лагард да ја предводи Европската централна банка.
ЕП дава необврзувачко мислење за тоа дали кандидатот е погоден или не за претседателот на ЕЦБ, конечната одлука ја нои Европски Совет.
Таа треба да го замени досегашниот актуелен претседател Марио Драги на 1 ноември.
Претходно европратениците одржаа дебата за нејзината соодветност за позицијата.
Кандидатурата на Кристин Лагард, досегашна шефица на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ќе биде ставена на агендата на самитот на Европскиот совет во октомври.
Comments are closed for this post.