Младата милијардерка Кајли Џенер за прв пат позираше за „Плејбој“, пишува весникот „Метро“.
Сваесетидвегодишната ријалити ѕвезда се најде пред објективот на украинската фотографка Саша Самсонова, која живее и работи во Лос Анџелес.
Во интервју за списанието, Џенер признава дека никогаш не помислила дека еден ден може да позира за „Плејбој“. Но, резултатите од фотосесијата ги надминале нејзините очекувања и фотографиите многу и се допаднале. На една од последните фотки таа позира како зајачица на „Плејбој“.
А, на насловната страница доминира нејзиното торзо во црвен костим за капење, без да и се гледа лицето.
Comments are closed for this post.