Сирискиот претседател Башар ал-Асад го потпиша указот за сеопшта амнестија во земјата за злосторствата извршени пред 14 септември годинава, информираа од прес службата на сирискиот лидер, цитирана од руските медиуми.
Според указот, општата амнестија ги опфаќа кривичните дела извршени пред 14 септември 2019 годинава, а во некои случаи предвидува и намалување на казните.
Смртната казна се заменува во доживотна тешка работа“ – се наведува во една од одредбите на указот.
Соодветно на тоа, место доживотна тешка работа, оние кои ќе бидат зафатени од амнестијата ќе добијат тешка работа во времетраење од 20 години, а место доживотен затвор осудените ќе одлежат 20 години затвор.
Исто така, според одлуката на претседателот смртно болните осудени лица, кои се на 75-годишна возраст во моментот на потпишувањето на указот, целосно се ослободуваат од секаква казна.
Конкретните случаи ќе бидат разгледани од специјално формирани комисии.
Сириската агенција забележува дека амнестијата ќе ги зафати оние кои избегале од правдата само ако доброволно се предадат на властите во рок од максимум три месеци од датумот на објавување на одлуката на претседателот Асад.
Comments are closed for this post.