Првиот пловечки реактор во светот, кој Русија го изгради и покрај противењето на активистите за заштита на околината, стигна денеска на своето одредиште во близина на изолираниот руски град од спротивната страна на Алјаска, овјави руската државна компанија за нуклеарна енергија Росатом.
Реакторот кој го носи името „Акедемик Ломоносов“ тргна на пат долг 5000 километри на 23 август низ водите на Артикт до североистокот на Сибир.
Нуклеарната агенција Росатом тврди дека реакторот е поедноставна алтернатива од конвенционалната електрана изградена на копно кое е преку целата година замрзнато и треба да почне со работа до крајот на годината.
Ќе ја замени локалната нуклеарна електрана
Работата на 144 метри долгиот „Академик Ломоносов“ започна во 2006 во Санкт Петербург.
Во Певек, градче со 5 илјади жители во сибирската регија Чукотки, ќе ја замени локалната нуклеарна електрана која се затвора и термоелектрана која е веќе затворена.
Нуклеарната индустрија развива помали и евтини реактори како би привлека нови купувачи и може да работат нон-стоп три до пет години без дополнување гориво.
Го следат примерот на подморниците, мразокршачите и носачите на авиони, кои користат нуклеарна енергија и наменети се за изолирани региони со слаба инфраструктура.
Comments are closed for this post.