Авион со 326 патници морал принудно да слета во Ирска, затоа што по контролната плоча во пилотскиот кокпит се истурило жешко кафе. Станува збор за „Ербас А330-243“, што летал од Франјфурт за Канкун во Мексико, а бил принуден да слета во ирскиот град Шенон, се наведува во неодамна објавениот извештај на Одделот за истражување на авионски несреќи.
Одлуката за слетување ја донел 49-годишниот пилот откако истуреното врело кафе предизвикало силен мирис на изгорено и чад, а едно копче на контролниот панел почнало да се топи, објави „СиЕнЕн“.
Инцидентот се случил во февруари кога пилотот ја ставил својата шолја со кафе без капаче на контролниот панел, наместо на држачот за кафе, се наведува во извештајот.
Во инцидентот немало повредени.
Не е објавено за која авиокомпанија станува збор, но поради него се променети прописите за да се осигура задолжителна употреба на капачиња за чаши на сите летови, нешто за што постојано се птсетуваат членовите на екипажите на авионите.
Comments are closed for this post.