Сите мора да покажеме подготвеност, дека независно од нашите политички, партиски интереси, ќе се ставиме како одговорни политичари во функција на правото и правдата во Република Северна Македонија. Ова е коментарот на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов за најавите кои доаѓаат од албанската опозиција дека и ако се постигне договор за Законот за ЈО нема да го гласа.
Костадинов потенцираше дека нема такви информации, но вели дека сите пратеници без исклучок треба да и дадат шанса на правната држава.
Само на тој начин, навистина ќе ги поставиме демократските принципи во Северна Македонија и конечно ќе го покажеме и пред граѓаните, она за што навистина тие навистина се гладни“, вели Костадинов.
Comments are closed for this post.