Американскиот претприемач кој произведува марихуана за медицинска, но и за рекретативна употреба, познат уште и како Биг Мајк објави видео на својот профил на инстаграм од посетата на Македонија. Тој е под импресии од неодамнешната посета на Македонија, во која гледа голем потенцијал за бизнисот со канабис за медицинска употреба.
Биг Мајк во Скопје се сретнал со премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, градоначалник на скопската општина Центар Саша Богдановиќ, но и со бизнисмени меѓу кои и првиот човек на Комерцијална банка, Хари Костов.
За средбите, јавноста дозна од неговиот Инстаграм профил на кој објави фотографии.
На својот профил на Инстаграм, Биг Мајк објави ново видео од средбите и неговата прошетка низ Скопје.
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.