Италијанскиот обвинител против мафијата, Никола Гратери, го крена аларамот во интервју за весникот „Ла стампа“ предупредувајќи дека албанската мафија има огромна улога во светската трговија со дрога. Тој притоа наведува дека таа соработува со италијанската мафија „Ла Ндрангета“.

Според Гратери, светот многу повеќе ќе слуша за албанската мафија во годините што доаѓаат и истакнува дека таа мафија во иднина ќе има има поголема моќ.

Ќе слушаме повеќе и повеќе за албанската мафија во годините што идат, а оваа организација нема да има поголема моќ само во Италија, туку дури и во Холандија или во Јужна Америка, каде Албанците стануваат посилни во нивната улога како дилери на дрога“, вели Гатери.

Ова, како што подвлекува Гратери, ќе се случи и заради големата соработка на албанската мафија со мафијата на Калабрија.