Истрагата за случајот „Рекет“ е девалвирана и компромитирана. Обвинителството не ја води според процедурите, туку свесно ја развлекува и ја турка под тепих, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите изминатиов период излегуваат мал милион докази, документи и записи од истрагата, а обвинителството цело време молчи и се однесува збунето како да не е од оваа планета.
„Сведоци сме од објави на интернет просторот дека од УБК се изнесувале доверливи информации и веднаш потоа со истите тие информации рекетарите уценувале бизнисмени и недолжни граѓани. Затоа прашуваме, кои се бизнисмени биле предмет на уцена и им било изнудено пари? Дали е вистина дека со такви материјали кои биле изнесени од УБК бил уценуван многу познат бизнисмен кој го знае јавноста. Чиј роднина има на некој начин исплатено огромна сума на пари за да се прикријат истите незаконски дејствија за кои што се споменува дека биле вмешани и малолетни лица?“, прашува Арсовски.
Тој прашува и кои функционери од МВР му ги доставиле истите документи за уцена на Боки 13 и дали се повикани веќе на распит.
„Очигледно е дека истрагата на обвинителството за случајот „Рекет“ доцни повеќе од 4 месеци, а тоа се со една цел, да се прикријат нарачателите и доказите за целиот случај. Едно е јасно. Одговорност мора да има и ќе има. Ако некој мисли дека Русковска ќе го спаси од целиот криминал кој што го направил, многу погрешил“, рече Арсовски.
Comments are closed for this post.