Главниот британски економист во инвестициската банка „ЈП Морган“, Малком Бар вели дека британскиот премиер Борис Џонсон најверојатно ќе поднесе оставка.
Единствената опција е премиерот да го претстави договорот за брегзит во парламентот и да добие одобрување за него или да поднесе оставка и да допушти некој друг од ЕУ да побара одложување. Во овој момент, оставката е најлогична опција“, истакна Бар.
Џонсон доживеа политички „шах-мат“ кога британскиот парламент рано утрово го отфрли неговиот предлог за распишување избори, гласајќи против.
Претходно британската кралица Елизабета го одобри законот со кој се спречува премиерот Џонсон да ја извади земјата од ЕУ без договор на 31 октомври.
Од друга страна, Џонсон бранејќи го ставот за изборите во парламентот, рече дека тоа е единствен начин брегзитот да се помести од мртва точка.
Покрај тоа, на сила стапи владината одлука парламентот да се распушти во наредните пет седмици.
Пратениците ќе се вратат во парламентот на 14 октомври, нешто повеќе од две недели пред Британија да ја напушти Европската Унија на 31 октомври.
Comments are closed for this post.