Судскиот совет на денешната седница го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател на Врховниот суд, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата. Вангеловски има право на жалба, а неговото разрешување беше побарано кон крајот на 2017 година.
Извештајот за работата на Вангеловски го подготвуваше тричлена комисија.
Вангеловски беше избран за судија во Врховниот суд, во граѓанскиот оддел, во мај 2008 година. Тогаш остана забележано дека на местото дојде без ниту еден ден судиски стаж само со тригодишно искуство како стручен соработник во Окружниот стопански суд и 20 години адвокатско искуство. За претседател на Судот беше избран по само два месеца. На таа функција остана до 2012 година, а во 2017 повторно се врати и тоа на итна седница на Судскиот совет.
Тој беше повикан и на распит во Скопското обвинителство за сомнеж за местење предмети во судот и изигрување на АКМИС системот и годишните распореди за работа на судиите, но Обвинителетвото не го осомничи.
Comments are closed for this post.