Демократската унија за интеграција преку соопштение повика на владеењето на правото, еднаквоста пред законот и доследното спроведување на законот од страна на сите, што е предуслов за општествена стабилност, интеграција и економски развој.

Цениме дека Судскиот совет, Советот на јавни обвинители заедно со судии и обвинители, како и другите институции и носители на јавни функции, своите одлуки треба да ги носат исклучиво во согласност со закон и поткрепени со факти. Секој од нас, политичар, судија, обвинител, сноси индувидуална одговорност за своето постапување или непостапување како и за своите одлуки и никој не е над законот, се вели во партиското соопштение.

Од ДУИ додаваат дека се дистанцираат од секакво политичко мешање во одлуките на институциите кои го спроведуваат законот.

Сметаме дека неселективната правда и владеењето на правото ќе се обезбеди со добро спроведен ветинг и тоа преставува наш апсолутен приоритет, велат од ДУИ.