Средновековните грчки градови Крф и Родос се наоѓаат во опасностдо крајот на овој век да бидат целосно полавени. Овие два града се дел од 50 историски споменици на листата на светското културно наследство на УНЕСКО, на коишто им се заканува таква судбина, објави грчката телевизија Скај, повикувајќи се на истражување на група научници од универзитетот во германскиот град Кил.
Меѓу загрозените споменици е и кипарскиот град Пафос. Во други делови на светот загрозени споменици се Пјаца дел Дуомо во Пиза, Амалфи, Белиот град во Тел Авив и Помпеја.
Според истражувањето засновано врз математички модели, се очекува зголемувањето на нивото на морето да предизвика поплави кои ќе ги загрозат спомениците лоцирани во крајбрежните области.
Нашите заклучоци се првична проценка за тоа каде е најитна адаптација за новите реалности и каде е потребна политичка поддршка – изјави Лена Рејман која е дел од истражувачкиот тим.
Шеф на истражувањето е професор по географија на Универзитетот во Кил со грчко потекло, Атанасиос Вафидис.
Comments are closed for this post.