Талибанците почнаа офанзива против Фарах, клучен град во западниот дел на Авганистан, јавија светските агенции.
Нападот доаѓа во екот на постојаните обиди на САД да постигнат мировен договор со силите на групата и да ги повлечат воените трупи од земјата во замена за гаранции за мир.
Десетици талибански борци упаднаа во градот Фарах, главниот град на истоимената провинција, и од владините сили успеале да заземат воена зграда, соопшти Фарук Баракзаи, портпарол на локалните власти.
Талибански претставник, пак, информира дека во тек е „масовна операција“ која се спроведува во регионот.
Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи изјави дека талибанците претрпеле „сериозни удари и многу скоро ќе бидат елиминирани
Comments are closed for this post.