Неверојатна сцена се случила деновиве на административната граница меѓу Косово и Србија.Албанец кој живеел во Германија се обидел да влезе на српска територија со Порше „Карера“.
Српските полицијаци при рутинска контрола забележале дека возилото вредно 100.000 евра нема никакви документи, односно не е регистрирано ниту пак било царинето.
Возачот се правдал дека возилото е на неговиот син но оти не знаел дека не е регистрирано. Сепак тој немал одговор како успеал да помине половина Европа и да стигне на Косово.
Сепак, возилото му е одземено и најверојано ќе биде понудено на јавна аукција.
Comments are closed for this post.