Основното училиште Киро Глигоров во Капиштец и официјално ги отвори вратите за 500 ученици, а е прво во државата кое има Дневен центар за деца со церебрална парализа.
Училиштето се протега на површина од 12 илјади квадратни метри и двор од 4 илјади квадратни метри, во кои освен просториите за учениците е вклучен и подземен пакинг простор за околу 100 возила. Со реконструкција на другите училишта, властите ветуваат дека ќе се обидат да го подигнат стандардот и да овозможат поквалитетно образование.
Изградбата започна во 2016 година, а целиот проект чини 5,5 милиони евра. Именувано е по првиот претседател на Македонија Киро Глигоров, што беше избор на граѓаните преку анкета.
На отворањето на училиштето присуствуваше и премиерот Зоран Заев кој беше придружен од министерот за образование и наука, Арбер Адеми. Тој порача дека вложувањето во знаењето е вложување во најскапоцениот потенцијал на општеството.
Comments are closed for this post.