Бијонсе денеска, 4 септември, го прослави својот 38 роденден.
Таа денеска важи за една од најголемите пејачки имиња, многумина ја сметаат за икона, а нејзиното влијание на полето на музиката е непроценето.
Својата богата музичка кариера ја започнала во 1996 година во групата „Дестенис чајлд“, а во 2003 година се одлучи да започне соло кариера и оттогаш го остварува својот полн потенцијал.
Во неколку интервјуа таа истакна дека пресудно влијание да се занимава со пеење имал покојниот крал на поп музиката, Мајкл Џексон.
Неговиот концерт беше првиот концерт на кој некогаш сум била. Да не ме воодушевеше со неговата енергија и спектакуларен настап никојпат на памет немаше да ми падне да станам пејачка, вели Бијонсе.
Напоредно со музичката, Бијонсе се посвети и на актерската кариера, а на тоа поле оствари запаметени улоги.
Comments are closed for this post.