Во владејачката СДСМ се оптимисти за законот за јавно обвинителство.
Даваме шанса на разговорите конечно сите да се издигнеме над нашите теснопартиски интереси и во име и во функција на правдата и правната држава, да го донесеме законот за јавното обвинителство. Ги охрабруваме и ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ доколку навистина се искрени во тоа што го зборуваат дека и тие се за интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО, да дадат поддршка на овој Закон за Јавното обвинителство. Од друга страна свесни сме како тие манипулираат пред јавноста во однос на носењето на Законот за Јавното обвинителство се со една цел, избегнување на одговорноста и амнестија за криминалите на претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“, вели пратеникот и портпарол на партијата, Костадин Костадинов.
Тој потенцираше дека никој не смее и никој нема да побегне од правдата.
Костадинов не открива до каде се разговорите.
Aко се уште даваме шанса на разговорите не би сакал во екот на тие разговори или до нивното завршување било што да извадам сега пред јавноста. Ве уверувам дека доколку има било какво приближување или било каков епилог од разговорите, вие медиумите, пошироката јавност ќе бидете со сигурност запознаени“, изјави портпаролот на СДСМ.
Comments are closed for this post.