Осум деца од едно основно училиште во Кина вчера биле избодени до смрт. Уште две деца се повредени во инцидентот.
Осомничен за нападот е еден 40-годишен маж кој бил уапсен набрзо по нападот.
Човекот влегол во училиштето во провинцијата Хубеи во осум часот изутрината на првиот училиштен ден.
Ништо не се знае за мотивот на сторителот на масакрот. Медиумите објавија дека човекот бил ослободен од затвор во јуни годинава. Одлежал осум години затворска казна заради убиство.
Comments are closed for this post.